Линкови за пристапност

Граѓаните најмалку им веруваат на владите на САД и Обединетото Кралство во групата Г7


Германија е на врвот на листата меѓу државите од Г7 со 61 отсто  доверба
Германија е на врвот на листата меѓу државите од Г7 со 61 отсто  доверба

Ново истражување на „Галуп“ покажа дека луѓето во САД и Обединетото Кралство имаат најниско ниво на доверба во нивните влади меѓу водечките индустриски нации, однсоно групата Г7.

Според истражувањето, во 2022 година, 31 отсто од возрасните во САД имале доверба во својата влада, додека бројката изнесувала 33 отсто за Обединетото Кралство.

Германија е на врвот на листата меѓу државите од Г7 со 61 отсто доверба.

Позициите на САД и Обединетото Кралство беа многу различни во 2022 година отколку во 2006 година, вели „Галуп“.

Во истото истражување во 2006 година, САД биле на врвот со 56 проценти од возрасните кои одговориле да кога биле прашани дали имаат доверба во нивната влада.

За Обединетото Кралство, бројката беше 49 отсто. Германија беше на последното место во истражувањето од 2006 година.

Помеѓу 2006 и 2022 година, останатите членки на Г7 – Јапонија, Италија, Франција и Канада – забележаа подобрување на нивната владина доверба.

Бројката за 2022 година не е екстремно пониска за САД. Податоците на „Галуп“ покажаа само една година, освен 2006 година, во која довербата во владата кај возрасните Американци достигна 50 отсто во 2009 година, а втората највисока беше 46 проценти во 2020 година.

Домашната доверба во американската влада забележа неколку ниски падови во последниве години, вклучувајќи 31 отсо во 2018 година, 30 проценти во 2016 година и 29 проценти во 2013 година.

XS
SM
MD
LG