Линкови за пристапност

Граѓаните бојкотираат - маркетите речиси празни


Дали ќе има ефект пораката која ја испратија потрошувачите останува да се види. Бизнис секторот дециден ова е сигнал и аларм, надлежните бараат трговците да ги почитуваат законите и најавуваат драконски казни

СКОПЈЕ – Продавниците на ланците големи трговски маркети денес останаа речиси празни. Граѓаните најавија и испорачаа, бојкотираат за да испратат порака и до трговците и до надлежните дека цените на продуктите кои се неопходно за нормален живот и функционирање се исклучително скапи. Надлежните пак најавуваат казни и бараат почитување на законите, бизнис секторот вели дека бојкотот е аларм а проблемот мора да се реши преку дијалог.

„Не знам дали ќе има ефект но ние како граѓани испративме порака. Сега е до Владата. Па и до трговците. Прескапо е се“, вели жител на скопската населба Карпош 4.

Други сметаат дека треба да се бојкотира подолго.

„јас мислам дека треба да трае повеќе дена. И не само ланците маркети. Не е само кај нив проблемот, цените поскапеа сегде и во кафулиња и во ресторани и на пазар. Вака еден ден бојкот нема да даде резултат“, изјави Мартин од Скопје.

Претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески, вели дека постои ризик бојкотирањето да стане секојдневие и излезот од ситуацијата го гледа во дијалог.

Бранко Азески
Бранко Азески

„Како заштитник на компаниите сакам да кажам дека дијалогот е излез од оваа ситуација бидејќи овој проблем не е од сега. Мислам дека овие нови форми и методи на вакви активности кои што одат преку социјалните мрежи ќе станат секојдневие и ние треба да ги почитуваме и поддржуваме. Но тоа треба да биде знак за сериозен разговор кој ќе довее до решение а не само да се регистрира проблемот. Ние донесовме еден закон кој требаше да спречи вакви работи и тој предизвика силни тензии во општеството и меѓу институциите. Ние ќе се однесуваме најодговорно и со Владата ќе бараме решение. Ќе поддржам се што има реална основа но ќе инсистирам како претседател на Комората каде се и овие ланци на маркет да се најде решение низ дијалог“, изјави Азески

Министерката за финансии со јасна порака до трговците да го почитуваат Законот за забрана за нефер трговски практики или ќе се соочите со казни.

„Апелирам до сите, не само трговските ланци, до сите компании во државата. Да се почитуваат законите, ништо повеќе од тоа. Во некој момент било кој од институциите ќе излезе на терен, ќе направи контрола и ќе се врати назад. Ќе следат драконски казни. Молам само да се почитува Законот за нефер трговски практики и да не се злоупотребува моментот ако некоја надлежна институција не излегла во контрола на маркет. Ќе излезе, ќе се врати наназад и ќе ги констатира состојбите“, изјави Димитриеска Кочоска.

Трговците кои пред воведувањето на владините мерки во септември, тврдеа дека работат надвор од трговската логика и со минимална заработка, во 2023 година имале чист профит од 35 милиони евра. Заработките се движат од 1,4 милиони евра до 10,3 милиони евра. Нето профитната маржа се движи од 1,54 проценти кај маркетот со најмала заработувачка во 2023 година до 11,73 проценти кај ланецот маркети кој во 2023 година имал најголема заработувачка.

Денес бојкот на големите ланци маркети има во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG