Линкови за пристапност

Федералната влада затворена 24-ти ден


Американскиот претседател Доналд Трамп стои на своето барање за ѕид на американско-мексиканската граница, а демократите одбиваат поддршка за, како што велат, скапа и неефикасна мерка, додека владата е затворена веќе 24-ти ден.

Доцна во неделата, Трамп испрати неколку пораки на Твитер цитирајќи уреднички коментар од конзервативниот коментатор Пет Бјукенен во кој Бјукенен го повика Трамп да го искористи своето егзекутивно право да објави национална вонредна состојба за да ги добие парите што ги бара за изградба на ѕид.

Трамп заврши со свој коментар: „Големи луѓе на нашата држава бараа безбедни граници СЕГА!“

Претходно во неделата еден од блиските сојузници на Трамп во Сенатот, републиканецот од Јужна Каролина, Линдзи Грем, го поттикна претседателот привремено да ја отвори федералната влада, и ако за некоја недела не го постигне тоа што го сака може потоа да прогласи вонредна состојба, сугерира Грем.

Објавување национална вонредна состојба по должина на американско-мексиканската граница на Трамп би му му овозможило да потроши пет милијарди долари што ги бара за ѕид без одобрение на Конгресот -- потег што демократите веднаш ќе го обжалат пред суд.

Во меѓувреме 800.000 федерални службеници се или надвор од работните места или работат без плата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG