Линкови за пристапност

Протести во Гостивар поради убиството на две лица


Протести во Гостивар поради убиството на две лица
Протести во Гостивар поради убиството на две лица

„Владеењето на правото треба да надвладее во овој момент и да следи редовна истражна постапка. Сите треба да чекаат тоа да заврши. Во меѓувреме, треба да се биде мирен и да са остави правната процедура да се спроведе. Така се спроведува владеењето на правото, така функционира демократијата и ова е добра можност да се следат правилата“, порачал денес, на промоцијата на кампањата „За општо добро“ финансирана од Амбасадата на САД во Македонија, американскиот амбасадор Пол Волерс, по повод вчерашниото двојно убиство во Гостивар.

Иако потенцирал дека истрагата е во тек и дека не знае за случајот повеќе освен од медиумските стории, амбасадорот изјавил дека треба да се примени концептот на владеење на правото, полицијата да ја врши својата истражна работа и да се применуваат законските процедури

Претходно, Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Т. (39), полицаец од гостиварското село Вруток, поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“. Според МВР, „по претходна вербална расправија со лицата И.М.(30) и Б.Ш.(26), двајцата од Гостивар, во врска со паркирањето на неговото возило“, полицаецот кој во време на настанот не бил на службена должност, бил физички нападнат. МВР сооппшти дека според изјавата на полицаецот, тој „изреволтиран поради нападот, од панталоните го извадил службениот пиштол „ХС 200“, калибар 9 милиметри, сопственост на МВР, и исупукал околу седум куршуми кон И.М и Б.Ш и им нанесол смртни повреди“. Потоа, Ј.Т со свое возило, во кое се наоѓала и неговата малолетна ќерка, заминал од местото на настанот и самиот се пријавил во полициската станица Гостивар, по што е лишен од слобода. Ј.Т. синоќа бил изведен пред истражен судија на Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена.

Според медиумите, денес во Гостивар во кој било забележливо засилено присуство на специјалците на МВР, се одржал ненајавен протест на граѓани, пред се` средношколци, кои движејќи се по гостиварските улици ги извикувале имињата на двете убиени лица. Денешниот протест поминал мирно, а за утре е најавен нов протест.

XS
SM
MD
LG