Линкови за пристапност

Номинацијата на Горсач пред сенатска разврска


Сенатска комисија ја одобри номинацијата и покрај противењето на демократите

Сенатската комисија за правосудство ја одобри номинацијата за судија на Врховниот суд на претседателот Доналд Трамп, Нил Горсач, со што може да започне битката во Сенатот.

Опозиционите демократи велат дека тие имаат доволно гласови да го блокираат неговото потврдување преку нормалните правила на работење на Сенатот. Но, републиканците кои имаат мнозинство рекоа дека ќе ги променат правилата, и ќе ја потврдат номинацијата со просто мнозинство.

Номинацијата сега е испратена на понатамошно разгледување и гласање пред полн состав во Сенатот.

Демократите велат дека имаат 41 глас против потврдувањето на Горсач, доволно за да ги спречат републиканците од рутинско одобрување, каде што за номинации во Врховниот суд обично се бараат 60 гласа, или т.н. супер мнозинство.

Републиканците кои имаат мнозинство со 52 наспроти 48 гласа во Сенатот, велат дека еднострано ќе ги ревидираат правилата за гласање и ќе го одобрат назначувањето на Горсач со просто мнозинство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG