Линкови за пристапност

Горниот дом на рускиот парламент ја одобри забраната за промена на полот


Горниот дом на рускиот парламент едногласно го одобри нацрт-законот со кој се забрануваат процедурите за потврдување на полот, испраќајќи ја мерката до претседателот Владимир Путин да биде потпишана во закон.

Овој потег ја проширува желбата на Кремљ да го заштити она што го смета за традиционални вредности на земјата.

Предлог-законот, кој веќе беше одобрен во Долниот дом, забранува какви било „медицински интервенции насочени кон промена на полот на една личност“, како и промена на полот во официјалните документи и јавните записи.

Единствен исклучок ќе биде медицинската интервенција за лекување на вродени аномалии.

Тој, исто така, ги поништува браковите во кои едно лице го „променило полот“ и им забранува на трансродовите лица да станат згрижувачки или посвоители.

Законодавците ја прикажуваат мерката како заштита на Русија од „западната антисемејна идеологија“, а некои ја опишуваат родовата транзиција како „чист сатанизам“.

Репресијата на Русија против ЛГБТК+ луѓето започна пред една деценија кога Путин првпат прогласи фокус на „традиционалните семејни вредности“, поддржани од Руската православна црква.

Во 2013 година, Кремљ усвои закон со кој се забранува секое јавно одобрување на „нетрадиционални сексуални односи“ меѓу малолетниците. Во 2020 година, Путин протурка уставна реформа со која ги забрани истополовите бракови.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG