Линкови за пристапност

Американската државна секретарка заминува на Балканска турнеја


Американската државна секретарка заминува на Балканска турнеја
Американската државна секретарка заминува на Балканска турнеја

Клинтон жали што нема да биде во состојба да ги посети сите држави во регионот на ова патување

Филип Гордон, помошник секретар од Бирото за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент во петок ги брифираше новинарите во Вашингтон за претстојното патување на Државната секретарка Хилари Клинтон на Балканот и во Брисел.

Од 11 до 14 октомври Клинтон ќе биде во Босна и Херцеговина, Србија, Косово и во Брисел. Таа оди на Балканот, рече Гордон, да ја потврди натамошната определба на САД спрема балканските држави додека тие градат просперитетни, мирољубиви и демократски општества и додека се приближуваат кон местата што ги заслужуваат како полноправни членки на европската и евро-атлантската заедница.

Од Сараево, Белград и Приштина Клинтон ќе замине за Брисел на 14-ти октомври каде ќе се сретне со претставници на ЕУ и ќе му се приклучи на Секретарот за одбрана на САД Роберт Гејтс за министерскиот состанок на НАТО. „Министерската средба ќе биде можност, да се ревидира напредокот на новиот стратешки концепт и на војната во Авганистан“, рече Гордон

Македонија нема да биде на дневен ред ниту пак е вклучена во агендата на патувањето на Клинтон. Запрашан за причината за заобиколувањето на Македонија и на Албанија при оваа посета на регионот, заменик државниот секретар одговори:

„Сакам јасно да кажам дека државната секретарка не заобиколува никого. Напротив, таа беше многу заинтересирана да патува во регионот и жали што нема да биде во состојба да ги посети сите држави во регионот на ова патување. Времето и` е многу ограничено. Знаете колку длабоко е ангажирана со блиско-источниот мировен процес. Треба да биде во Брисел за важен министерски состанок во четврток. Но, ние бевме многу ангажирани со Албанија, што е нов НАТО-сојузник и важен придонесувач на трупи за Авганистан. Црна Гора се движи напред со реформите. Македонија, што јас лично неодамна ја посетив, веруваме дека ќе биде во НАТО веднаш штом се реши прашањето со името. Хрватска е во финалната фаза на интеграција во ЕУ. Ние сме многу ангажирани во целиот регион. На ова патување Државната секретарка нема да биде во можност да ги посети сите, но ние сме задоволни што ќе посети три од нив“, рече помошник-државниот секретар за европски прашања во Стејт департмент, Филип Гордон.

XS
SM
MD
LG