Воз на компанијата Амтрак што превезувал неколкумина републикански законодавци до сојузната држава Западна Вирџинија, удрил во камион, при што загинало едно лице.
Белата куќа соопшти дека ниту еден од законодавците, ниту нивните помошници, не биле сериозно повредени.
Според првичните извештаи, лицето кое загинало, се наоѓало во камионот.
Несреќата се случила на околу 30 километри од Шарлотсвил, Вирџинија.
Конгресмените требало да се состанат на локација во Гринбриер, Западна Вирџинија, на разговори за новиот закон за даноци и начините за подобрување на инфраструктурата во САД.
Претседателот Доналд Трамп треба да им се придружи на законодавците утре.
Facebook Forum