Интернет-гигантот Гугл објави дека профитот на компанијата се намалил за 20% во последните три месеци, што веднаш предзивика нагло продавање на нејзините акции. Без оглед на помалата заработувачка, Гугл сепак инкасирал 2,2 милијарди. Сумата е помала и од предвидувањата на пазарните аналитичари, и од заработувачката лани во истиот период - 2,7 милијарди долари. Гугл наведува дека се намалил износот што огласувачите и` го плаќаат на компанијата секојпат кога некој од корисниците на Интернет ќе кликне на нивните реклами.
20% помалку во последните три месеци.