Европската унија ја казни компанијата „Гугл“ со пет милијарди долари за злоупотреба на доминантната положба на пазарот.
Казната доаѓа бидејќи „Гугл“, чиј систем Андроид контролира 80 проценти од паметните телефони во светот, ја искористил својата доминантна позиција да промовира апликации и услуги, особено алатката за пребарување.
Европската унија нареди „Гугл“ да ја стопира незаконската практика во рок од 90 дена, оти во спротивно ќе се соочи со нови казни.
„Гугл“ може да ја обжали ваквата одлука, која денес беше донесена на состанок во Брисел.
Facebook Forum