Интернет пребарувачот Гугл ја претстави вештачката интелегенција, која може да идентификува каде фотографијата е направена дури и да нема познати обележја наоколу, гео-ознаки или Глобален позиционирачки систем (ГПС).
Софтверот, наречен ПлаНет употребува база на податоци на повеќе од милион гео-ознаки на фотографии организирани заедно со 26.000 мрежи, за да се споредат различните аспекти како на пример градежниот стил, јазиците и растителниот свет.
„ПлаНет може да ги лоцира улиците на фотографиите со прецизност од 3,6 проценти и 10,1 процент прецизност за лоцирање на градот. 28,4 проценти од фотографиите се точно лоцирани на ниво на земја и 48,0 проценти на ниво на континент“, изјавил истражувачкиот тим кој работел на овој проект, според весникот Christian Science Monitor .
Тимот направи споредба на ПлаНет со луѓе кои многу патуваат.
Употребувајќи ја интернет играта Geoguessr, ПлаНет се „натпреварувал“ со 10 луѓе кои често патуваат низ светот.
„ПлаНет победи во 28 од 50 круга со маргина на грешка во лоцирање од 1131,7 километри, додека маргина на грешка во однос на локализација на луѓе била 2320,75 километри“, вели весникот.
Софтверот има ограничувања. Не може да идентификува локации кои не се многу често посетувани.
Додека можеби замислувате дека ПлаНет има потреба од една соба полна со софтвери и суперкопјутери за да функционира, истражувачите велат дека програмата не зафаќа повеќе од половина гигабајт, што значи многу лесно може да биде дел од речиси секој паметен телефон.