Линкови за пристапност

ЕУ го казни Гугл со 2,7 милијарди долари


Гугл ги потиснувал резултатите од пребарувањата на конкурентски компании

Антитрустовските регулатори при ЕУ го казнија Гугл со 2,7 милијарди долари за некоректно промовирање на резултатите од пребарувањето за својата онлајн шопинг услуга.

ЕУ соопшти дека Гугл започнал со овие активности во 2008-та година за да ја зајакне услугата, сега позната како Гугл-шопинг, со тоа што резултатите од пребарувањето ги прикажувал повисоко, истовремено потиснувајќи ги резултатите од други, конкурентни компании.

Регулаторите велат дека највисоко рангираните ривалски услуги се појавуваат обично на четвртата страница од резултатите, каде што ретко кои од потрошувачите одат.

Комесарот на ЕУ Маргарет Вестагер, рече дека Гугл создал многу иновативни производи, но во овој случај го злоупотребил своето место на пазарот:

„Гугл ја злоупотреби својата доминација на пазарот преку промовирање на сопствената услуга. Она што Гугл го направи е нелегално според правилата на ЕУ. Тој ги намали шансите на други компании да се натпреваруваат и што е поважно, им ја ускратува можноста на европските потрошувачи да ги уживаат бенефициите од таа конкуренција“, рече Вестагер.

Гугл одговори дека ќе ја разгледа одлуката на ЕУ.

Покрај паричната казна, компанијата е обврзана да им даде еднаков третман на конкурентните, и да објасни како ќе го направи тоа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG