Линкови за пристапност

Папата го почна Велики петок со посета на ковид центар


Оваа година за разлика од минатата, црквата на Светиот Гроб, изградена на местото каде што христијаните веруваат дека Исус бил распнат на крст, е отворена за ограничен број посетители, со задолжително носење на маска и социјално дистанцирање

Христијаните во Ерусалим го одбележуваат Велики петок, вторпат за време на пандемија. Сепак, вирусот сè уште се шири во многу претежно христијански земји. Верските места во Ерусалим се отворени, но нема да има ниту еден масовен аџилак што обично се гледа во Светата недела пред Велигден. Минатата година Ерусалим беше под строга блокада. Оваа година, црквата на Светиот Гроб, изградена на местото каде што христијаните веруваат дека Исус бил распнат на крст, е отворена за ограничен број посетители, со задолжително носење на маска и социјално дистанцирање.

Минатата година, Ерусалим беше во карантин, а светите обреди што ги почитуваа мали групи свештеници, честопати се вршеа зад затворени врати.

Израел започна една од најуспешните кампањи за вакцинација во светот, отворајќи ги повторно рестораните, хотелите и верските места. Но, патувањето со авион сè уште е ограничено со карантин и други мерки, држејќи ги настрана странските аџии кои обично се собираат во Ерусалим за време на Светата недела.

Папата Франциск го започна Велики петок со посета на ковид центарот за вакцинирање во Ватикан, каде изминатата недела околу 1.200 дози на вакцината Фајзер им беше дадена на сиромашните и обесправените луѓе во Рим.

Во текот на денешниот ден, Папата Франциск ќе претседава со поворката “Патот на крстот” на скоро празниот плоштад Свети Петар, наместо претходно популарниот ритуал со факели, кој обично го прославува во Колосеумот.

Во Франција, поради полицискиот час парохиите ги поместија церемониите за Велики петок порано во текот на денот, бидејќи традиционалните католички ноќни поворки се драстично намалени или откажани.

Францускиот претседател Емануел Макрон се премисли во врска со забраната за патување за велигденскиот викенд, дозволувајќи им на Французите да можат да ги посетат блиските региони за да се сретнат со семејството за престојниот празник.

Во опожарената црква Нотр Дам денес нема да се одржи миса.

Во Шпанија, веќе втора година по ред нема да има традиционални поворки, а црквите ќе го ограничат бројот на верници. Многу парохии ќе бидат направени преку интернет со миса и молитви преку услуги за видео-стриминг.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG