Линкови за пристапност

Милиони луѓе го чествуваат Велики Петок - ритуалите се следат главно преку медиумски платформи


Ковид-19 е потврден кај повеќе од 1.6 милиони луѓе. САД се глобално жариште со над 466 илјади случаи. Следат Шпанија и Италија со 153 односно 143 илјади.

Милиони луѓе во светот го чествуваат Велики Петок, денот кога Христијаните веруваат дека бил распнат Исус Христос.

Ритуалите за годинава се различни зашто повеќето верници мора да ги следат литургиите преку различни медиумски платформи наместо да одат во црквите.

За најголем дел од светот важат правила на ограничено движење за да се успори ширењето на смртоносниот вирус.

Пандемијата претставува сериозна закана за одржување на меѓународниот мир и сигурност
Антонио Гутереш, генерален секретар на ООН


Ковид-19 е потврден кај повеќе од 1.6 милиони луѓе. САД се глобално жариште со над 466 илјади случаи. Следат Шпанија и Италија со 153 односно 143 илјади.

Пандемијата претставува „сериозна закана за одржување на меѓународниот мир и сигурност и потенцијално може да доведе до зголемување на социјалните немири и насилства што сериозно може да ја намали способноста за борба со заразата“ порачал генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, на затворен состанок на Советот за безбедност, соопштува организацијата.

Американскиот Претседател Доналд Трамп не смета дека во земјата треба да се спроведе масовно тестирање, иако дел од инфицираните немаат симптоми. „Зборуваме за 325 милиони луѓе, тоа нема да се случи... Други земји го прават тоа, но на ограничен начин“ рече Трамп на брифинг во Белата Куќа.

Неговата администрација е се пофокусирана кон повторно отворање на американската економија која во најголем дел е затворена. Над 16 милиони Американци поднесоа барања за осигурување во случај на невработеност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG