Линкови за пристапност

Големиот шумски пожар во Грција причина за евакуација на села и болница


Ветровите и високите летни температури ги попречуваат напорите на стотици пожарникари и противпожарни авиони да се справат со шумските пожари низ Грција.
Ветровите и високите летни температури ги попречуваат напорите на стотици пожарникари и противпожарни авиони да се справат со шумските пожари низ Грција.

Пламените јазици низ шумите кои се движеа во насока на пристанишниот град во североисточна Грција во текот на ноќта, ги натера властите да евакуираат уште осум села и градска болница додека пожарникарите се борат со уште десетици шумски пожари низ државата.

Ветровите и високите летни температури ги попречуваат напорите на стотици пожарникари и противпожарни авиони да се справат со шумските пожари низ Грција.

Втор ден како „екстремно“ е означено нивото на ризик од пожар за неколку региони, вклучително и поширокото подрачје на Атина. Властите забранија пристап до планините и шумите во тие региони до среда наутро, за што се издаде наредба за воени патроли.

Вчера, двајца загинаа, а други двајца пожарникари беа повредени поради пожарите во Грција.

Околу 65 од повеќе од 100 пациенти во болницата во Александрополис во североисточна Грција беа префрлени на брод закотвен на градското пристаниште, додека четири дена беснее најголемиот шумски пожар во државата кој е надвор од контрола влезе во четвртиот ден. Другите пациенти беа пренесени во други болници во северна Грција.

Пламените јазици го претворија небото над градот и целиот регион во црвено, криејќи го сонцето додека во воздухот има густ чад и парчиња пепел.

Во две села во близина на Александрополис се оштетени неколку домови, гробишта, како и училиште. Повеќе од 200 пожарникари се борат со пламените јазици, четири противпожарни авиони и три хеликоптери.

Уште десетици куќи беа оштетени од нов шумски пожар во регионот на Кавала, соопштија локалните власти, додека посебен пожар во пограничниот регион Еврос гори низ шума во заштитен национален парк.

Крајбрежната стража евакуираше 14 лица преку море во текот на ноќта од блиската крајбрежна област до пристаништето Александрополис.

Нов пожар избувна во областа Аспропиргос на западниот раб на грчката престолнина во вторникот наутро, поради што властите издадоа наредби за евакуација на две села во областа.

Романија испрати помош - 56 пожарникари, а Кипар испрати два противпожарни авиони за да помогнат во гаснењето на шумскиот пожар во Александрополис, додека француските пожарникари помогнаа во справувањето со посебен пожар на островот Евија.

Грција секое лето има шумски пожари. Во најсмртоносниот шумски пожар во 2018 година загинаа 104 луѓе, во одморалиште во близина на Атина, тогаш жителите не беа предупредени за евакуација. Оттогаш, властите издаваат наредби за брза масовна евакуација секогаш кога населените области се под закана.

Претходниот месец, шумскиот пожар на туристичкиот остров Родос беше причина за евакуација на околу 20 000 туристи.

Неколку дена подоцна, двајца пилоти на воздухопловните сили загинаа кога нивниот авион што фрлаше вода се урна додека леташе ниско за да се справи со пожарот во Евија.

Уште три смртни случаи поврзани со шумски пожари се регистрирани летово.

XS
SM
MD
LG