Линкови за пристапност

Голем број африкански мигранти пристигнуваат на Канарските острови во Шпанија


На почетокот на овој месец за две недели пристигнаа 8.561 мигрант
На почетокот на овој месец за две недели пристигнаа 8.561 мигрант

Властите соопштија дека повеќе од 1.300 мигранти од субсахарска Африка стигнале до Канарските острови во Шпанија, архипелаг на Атлантикот со седум острови, овој викенд.

Еден брод превезувал рекордни 321 лице.

Уште еден рекорд беше поставен на почетокот на овој месец кога 8.561 мигрант пристигнаа на островите во првите две недели од октомври.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка го припишува рекордниот број на пристигнувања на политичката дестабилизација на регионот Сахел каде што имаше неколку преврати.

Мигрантите генерално не сакаат да се населат на островите, туку бараат да создадат подобар живот за себе и за нивните семејства на друго место во Европа или на други места низ светот.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Ројтерс и Франс прес.

XS
SM
MD
LG