Линкови за пристапност

Доделени наградите Златен глобус


Најпопуларни „Повратник“ и „Марсовец“

Филмовите „Повратник“ и „Марсовец“ се добитници на Златниот глобус за најдобра драма - комедија за време на синоќешното 73-то по ред доделување на наградите во Лос Анџелес. Наградата за најдобра актер во категоријата драма, му припадна на Бри Ларсон за улогата во „Соба“ и Леонардо Ди Каприо за „Повратник“. Најдобар актер во комедија беше прогласен Мет Дејмон за улогата во „Марсовец“, а во женска конкуренција со Златниот глобус се закити Џенифер Лоренс за филмот „Џој“.

Наградата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје го освои унгарското остварување „Синот на Саул“.

За најдобра режија Златен глобус доби „Повратник“, а за најдобро сценарио филмот на Арон Сокрин, „Стив Џобс“.

Во категоријата телевизиски серии за најдобри се прогласени „Господин Робот“ и „Моцарт на Џунглата“.

Наградата Сесил Б. Демил за животно дело ја доби Дензел Вашингтон.

XS
SM
MD
LG