Линкови за пристапност

Секс-скандалите доминираа на Златниот глобус


Доделувањето на наградите Златен глобус во недалата навечер, беше настан во црно на црвениот тепих. Жените носа црно, како знак на солидарност со групата Time's Up или Дојде време, што е амбициозна и широка иницијатива за борба против систематско сексуално насилство во Холивуд и на работните места насекаде во државата.

Со почетокот на сезоната за награди, Златен глобус може да биде воспоставување на тонот за други вакви церемонии, бидејќи ова беше првата позначајна програма, откако Холивуд беше погоден од скандали за сексуално злоупотребување изминатава година.

Водителот Сет Маерс ја започна вечерта со забелешка за ова, поздравувајќи ја публиката со зборовите „Добро вечер дами и преостанати господа. Среќна Нова година. Ова е 2018-та, марихуаната конечно е дозволена, а сексуалната злоупотреба конечно не е“.

Актерката и медиумски могул Опра Винфри, ја доби наградата Сесил Демил, што се доделува годишно на поединци кои направиле исклучителен белег на светот на забавата.

Втората награда на вечерта беше за The Handmaid's Tale, адаптација на Хулу на романот на Маргарет Атвуд. Елизабет Мос доби награда за најдобра актерка за серијата.

Домаќин на наградите Златен глобус е Холивудската асоцијација на странски новинари, кои доделуваат награди за најдобрите во филмот и на телевизијата, како и за музичарите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG