Линкови за пристапност

Доделени наградите Златен глобус


„Boyhood“ ја доби наградата за надобра драма, за најдобра режија и за најдобра споредна улога.

Филмот за чие снимање беа потребни 12 години, ја доби највисоката награда на Асоцијацијата на странски холивудски новинари на 72-то доделување на Златен глобус за филмски остварувања, што синоќа се одржа во Беверли Хилс, Калифорнија. Boyhood доби награди за надобар драматуршки филм, неговиот режисер Ричард Линклатер го доби признанието за најдобра режија, и Патриша Аркет доби за најдобра споредна улога.

The Grand Budapest Hotel е награден во категоријата за најдобар мјузикл или комедија.

Во рамки телевизиските остварувања, Интернет гигантот Амазон се закити со својот прв Златен глобус, со две победи за комедијата Transparent. Серијата со Џефри Тамбор во главните улоги, ја раскажува приказната за лице кое минува низ транзиција за да стане жена, обработувајќи ги деталите како ќе ја соопшти веста на своето семејство. Тамбор доби награда за најдобар актер во ТВ-комедија или драма.

Џорџ Клуни е добитник на наградата Сесил Б. Демил за животно дело.

XS
SM
MD
LG