Линкови за пристапност

„Голден гејт“ – и по 75 години во полн сјај


Експертите се едногласни – мостот е еден од најгламурозните инженерски проекти на сите времиња.

Мостот Голден гејт во сојузната држава Калифорнија ја прославува својата 75-та година на постоење. Мостот беше отворен за сообраќај на 28-ми мај, 1937-та година. Оттогаш, наваму преку две милијарди возила минале низ светски познатата градба што се протега меѓу Сан Франциско и регионот Марин. Се проценува дека дневно по него минуваат 112.000 автомобили, и се вбројува меѓу првите десет најдолги мостови што постојат.

Мостот името го добил по теснецот Голден гејт. Тенецот го поврзува Заливот Сан Франциско со Тихиот Океан. Главен инженер на проектот бил Џозеф Штраус. Изградбата започнала ви 1933-та година, а бил оспособен за сообраќај четири години подоцна.

Мостот е долг 2.788, а широк 27 метри. Од врвот на двете кули висат два огромни кабла, поставени 227 метри над водата и 152 метри над патот. На секој од каблите се прикачени преку 27.500 жици.

Кога проектот бил завршен, весникот Сан Франциско хроникл го нарекол „челична харфа тешка 35 милиони“.

За светлата портокалова боја е заслужен архитектот Ирвинг Мороу. Морнарицата првично сакала мостот да биде обоен со жолта и црна боја, а воздухопловните сили биле за комбинацијата на црвено и бело.

„Сепак, добро е што Ирвинг Мороу знаел дека бојата што тој ја предложил би се вклопила со животната средина, би била во контраст со бојата на океанот и небото, а воедно би се задоволиле и уметничките вкусови“, вели Мери Кјури.
XS
SM
MD
LG