Самоубиството на американскиот актер Робин Вилијамс е на врвот по бројот на пребарувања со Гугл во 2014-та.
Оскаровецот и еден од најомилените комичари воопшто се обеси во својот дом во близина на Сан Франциско во август. Неговата смрт предизвика шок меѓу обожавателите, коишто на Гугл бараа информација повеќе за неговата кариера, како и за самоубиството и депресијата воопшто.
Други најпребарувани теми на Гугл се Светското фудбалско првенство во Бразил, епидемијата на ебола, исчезнувањето на авионот на Малезија ерлајнс и предизвикот за полевање со кофа со мраз, за собирање на средства за борба против амиотрофичната латерална склероза или Лу Гериговата болест. На листата на 10 најпребарувани се и милитантната организација Исламска држава, популарниот анимиран филм „Замрзнати“, и Зимските олимписки игри во Сочи.