Линкови за пристапност

Новооткриена слика на Ван Гог


Музејот на Ван Гог во Амстердам претстави новооткриено платно на холандскиот мајстор Винсент Ван Гог.

Музејот во понеделник ја претстави сликата насловена „Залез над Монтмајур“, голема слика на природа во масло.

Претставници на музејот велат дека сликата била на таванот на норвешки колекционер кој мислел дека сликата е лажна откако ја купил во 1908.

Тие велат дека било утврдено дека сликата е автентична според буквите, стилот и употребените физички материјали.

Официјалните лица на музејот го опишуваат откритието како „искуство што се случува еднаш во животот“.

Сликата ќе оди на јавна изложба во музејот на 24 септември.
XS
SM
MD
LG