Линкови за пристапност

Како изгледа Господ?


Најново истражување - како Американците го замислуваат Господ?

Речиси 90 отсто од Американците велат дека веруваат во Господ, а една нова студија открива какво е што мислат за тоа како тој изгледа.

Истражувачите на Универзитетот во Северна Каролина во Чапел Хил, анкетирале 511 американски христијани, за да дознаат како го замислуваат Господ, покажувајќи им стотици парови на лица и прашувајќи кој од тој пар повеќе се совпаѓа на нивната замисла.

Спротивно на популарните уметнички портрети на Господ како постар, белец и со бела брада, истражувачите велат дека откриле оти човекот е помлад, не толку развиен и не толку бел.

Истражувачите рекоа дека замислата на испитаниците за изгледот, влијаела од нивната политичка наклонетост, при што либералите, Господ го опишале со одредени женствени карактеристики, помлад и пољубезен, додека конзервативците се изјасниле дека тој е дефинитивно белец, постар и построг.

Возраста е уште еден фактор во тоа како некој го замислува Бог - младите избирале помлади лица. Личната привлечност исто така била влијателна - попривлечни луѓе избирале попривлечен Господ.

Истовремено, Афроамериканците биле со тенденција да го замислуваат Господ со поафроамерикански изглед и помажествени карактеристики.

Истражувањето е објавено во списанието PLOS ONE.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG