Линкови за пристапност

30 години партнерство Северна Македонија - Вермонт


Збратимените држави досега соработуваа само на армиски план, а од сега меѓусебната поддршка се проширува и на земјоделството, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Збратимените држави досега соработуваа само на армиски план, а од сега меѓусебната поддршка се проширува и на земјоделството, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

„Беше препознаен квалитетот на нашето вино, ние сме винска земја. Беа изненадени од тоа што го правиме, од бројките кои што ги презентиравме, од квалитетот,“ вели за Гласот на Америка министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој деновиве ја предводи македонската делегација на меѓународниот саем за вино Белавита во Чикаго. Николовски, кој имаше средби со официјални лица и во Вермонт, рече дека најголем бенефит од оваа посета ќе имаат младите кои ќе може да учествуваат на програми во САД, но и отворање на пазарот за македонското вино во Вермонт и поврзување на винарските визби од Северна Македонија со дистрибутери на вино од Соединетите Американски Држави.

Глас на Америка: Северна Македонија е една од трите европски држави претставена на меѓународниот саем Белавита во Чикаго. Италија и Шпанија се светски познати производители извозници на вино. Како дојде до тоа Северна Македонија да биде презентирана во такво друштво и што тоа ќе значи за идниот пласман на македонско вино во светот?

Љупчо Николовски: Лозарството и винарството се клучни во нашата економија и Министерството навистина презема силни активности за поддршка на лозарите, на винарите, но, она што ни е потребно исто така е меѓународна промоција, препознатливост на македонското вино насекаде низ светот.

Ние сме втора земја во регионот по извоз на вино после Грција, а пред Словенија, пред Бугарија, пред Хрватска, Србија, Албанија и сите останати земји.

Достигнавме рекорд во извозот на вино и сме меѓу дваесетте земји во светот по извоз на вино и тоа е сериозен девизен прилив кој што го обезбедува Северна Македонија и токму затоа во овие пет години инвестираме многу и во меѓународната промоција на македонското вино. Токму во тој правец, преку програмата за рурален развој ги поддржуваме сите саеми каде што можеме да го претставиме македонското вино и нашите компании. Затоа, оваа година оваа широка поддршка и промоција опфаќа и саеми кои што се и токму тука, во Америка. За прв пат беше избран саемот Белавита. Се работи за над сто годишна традиција на промоција на италијанската храна и на италијанските пијалоци овде во Америка, но, овој настан се одржува шести пат во Чикаго. Во рамки на таа традиција на италијанскиот павиљон аплициравме заедно со вина од Македонија, големите македонски винарии и беше одобрено односно беше закупен централен простор и за прв пат имавме национален штанд, македонски, каде што се промовираа седум големи македонски винарии кој што беа претставени лично со нивниот топ менаџмент, со дел од сопствениците и навистина беа импресионирани од тоа што го направивме тука преку промоцијата и рамо до рамо со Шпанија и со Италија да бидеме дел од овој голем настан каде што се промовираат меѓу другото и вината кои што ги имаме. Она што е значајно за нас, на нашиот национален штанд беше посетата од генералниот извршен директор на Белавита саемот во Чикаго, кој што ги тестираше, ги проба македонските вина, кој што навистина беше воодушевен од квалитетот на нашето вино, кој што беше воодушевен од нивното на кое што ние бевме претставени на исто рамниште со Шпанија, на исто рамниште со Италија од Европа. Таму беа и Јапонија и многу други земји, меѓутоа беше навистина нотирано дека Северна Македонија на највисоко ниво согласно сите нивни стандарди беше претставена на Белавита и затоа токму таа импресионираност која што ја виде и менаџментот на Белавита веќе разговаравме и веќе договоривме следни чекори во следните дванаесет месеци да разработиме заеднички план ние како министерство и Белавита и нивното претставништво во Лондон во следните дванаесет месеци изразија желба да ги промовираат македонските вина што опфаќа многу посети кои што ќе се реализираат овие дванаесет месеци и на народни познавачи, на дистрибутери, на трговци, на новинари.

Станува збор за голема бројка на професионалци во областа на новинарството кои што ќе ја посетат Северна Македонија и нашите винарии и ќе имаме заедничка маркетинг стратегија како да настапиме понатака. Така да, сериозни придобивки, резултати имаме токму од оваа посета, од нашиот национален штанд, од промовирањето на македонското вино овде во Чикаго. Имавме мастер клас кој што навистина беше доста посетен, беше одржан од нашите познавачи меѓутоа контактите кои што ги остваривме се голема придобивка. Станува збор за 65.000 посетители на овој настан, на ова шоу би рекол кое што се одржа од 21-ви до 23-ти мај. Станува збор за професионалци, за сопственици на ресторани, за големи дистрибутери, за сопственици на маркети, менаџмент и така натаму, многу трговци и контактите на нашите компании кои што беа претставени на највисоко ниво, директни контакти со менаџментот и на Белавита, но и со сите овие посетители кои што се пред се професионалци и кои што токму на ваквите настани бараат и остваруваат контакти за да детектираат добри и квалитетни производи навистина се голема придобивка. Сите винарии беа навистина импресионирани и ние продолжуваме со Белавита да го промовираме нашето вино на следните нивни саеми и оваа и следната година. Тие организираат десет големи настани во текот на годината во светот. За прв пат учествуваме.

Беше препознаен квалитетот на нашето вино, ние сме винска земја. Беа изненадени од тоа што го правиме, од бројките кои што ги презентиравме, од квалитетот итн.

Контактите се остварени и следи она што е најголема придобивка за мене е токму договорот кој што го направиме со извршниот директор на саемот за нивната заинтересираност да се вклучат во директна промоција и маркетинг на македонското вино и тоа ќе го работиме во следните 12 месеци.

Глас на Америка: Знаеме дека имавте средба со официјални лица од вашиот ресор во Вермонт. Дали договоривте конкретна соработка со вашите колеги од оваа збратимена држава?

Љупчо Николовски: Оваа посета на САД како наш стратешки партнер со кој што го развиваме стратешкиот дијалог исто така имаме иницијативи кои што од Министерството за земјоделство и преку амбасадата на САД во Скопје и преку нашата амбасада во Вашингтон, ги иницираше како наши приоритети за соработка САД и вреди да се напомене дека инициравме и потпишување на меморандум за прв пат во историјата помеѓу Министерството за земјоделство и Одделот за агро култура на САД кој што е во напредна фаза. Меѓутоа во рамките на посетата остваривме средби во Вермонт. Вермонт и Северна Македонија оваа година го слават 30-годишното партнерство кое што постои. Секоја земја од САД има соодветна земја-партнер со која што развива соработка и партнерство. Северна Македонија на некој начин го има тоа партнерство со Националната гарда на Вермонт. Сакам да се заблагодарам што Националната гарда на Вермонт ја организираше исто така оваа моја посета тука преку која што не само во делот на соработка помеѓу Министерствата за одбрана и Националната гарда за Вермонт, овој пат правиме чекор напред ја надоградуваме и продлабочуваме и прошируваме таа соработка и особено се радуваме тоа што земјоделството е прв сектор или прва област каде што еве надвор од прашањата кои што одбранбени и нивната соработка, започнуваме соработка помеѓу Северна Македонија и Вермонт во земјоделството. А таа се состои во конкретна соработка и развој на студенти помеѓу нашите универзитети и Универзитетот во Вермонт. Ние посетивме опипни полиња, остваривме средби со познавачи кои што ги едуцираат земјоделците, фармерите, студентите директно на терен и затоа студентите и младите ќе бидат првата точка во која што ќе соработуваме.

Ние како министерство сериозно го ставивме фокусот на студентите оваа година и на младите преку многу нови програми и токму затоа студентите ќе бидат први кои што ќе ги видат бенефитите од оваа размена на искуства, посета на македонски студенти во Вермонт и така натаму, и тоа е една област во која што веќе се договори конкретни чекори.

Вториот сегмент е во делот на виното, исто така, продолжуваме со соработка и проширување односно отворање на пазарот на македонското вино во Вермонт.

Контактите исто така со дистрибутери, со трговци ќе ја засилиме. Тоа е еден втор сегмент кој што го договоривме. И третиот е шумарството каде што остваривме високи средби и со секретарката за шумарство во Вермонт, но и со секретарот за земјоделство. Тоа се највисоките позиции делот на земјоделство и шумарство во Вермонт кој што беа наши домаќини. Остваривме контакти односно договоривме конкретни соработки во делот на инвертеризацијата, во делот на пописот, во делот на мониторингот на шумите, на следното формирање на Агенцијата за шуми која што ја работиме кај нас, околу размена на искуства во делот на шумската полиција. Разговаравме и конкретни чекори ќе направиме во делот на ловството и размена на сите овие искуства кои што ги имаме, така да студентите, младите, извозот на вино, отворањето на пазарот за вино исто така во Вермонт што е особено битно како земја партнер која што ја имаме, но и поддршка на реформите кои што ги работиме во делот на шумарството се конкретните чекори и активности кои што ги договоривме во Вермонт.

XS
SM
MD
LG