Линкови за пристапност

20 години од смртта на Борис Трајковски


26 февруари 2004 година. Државниот авион со кој патува претседателот Борис Трајковски се урива близу Мостар. Нема преживеани во падот кингерот во тоа магливо утро.

20 години подоцна, на местото на несреќата, Македонија се сеќава на делото и политичкото наследство на Трајковски.

Дваесет години од смртта на Борис Трајковски
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:56 0:00

„Ова спомен-обележје не е само паметник на трагичниот миг. Ова е потсетник за сите генерации дека Македонија имала и има доблесни и решителни луѓе кои следејќи ја својата визија, својот сон, имаа храброст да гледаат во иднината. Денес нашата земја е членка на НАТО и на дофат и е членството во Европската Унија. Визијата на Трајковски ме остава во уверување дека и сега тој не би се двоумел што е најисправно да се направи иако и самиот знаел дека луѓето со визија се осудени да бидат подоцна разбрани“, изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

На гробот на Трајковски во Скопје цвеќе положи актуелниот шеф на државата Пендаровски, кој беше еден од најблиските соработници на починатиот претседател.

А кој беше Борис Трајковски? Во 1998-та, со победата на ВМРО-ДПМНЕ, влегува во владата на Љубчо Георгиевски како земник-министер за надворешни работи. Првиот сериозен тест во неговата политичка кариера која не траеше долго, но која остави неизбришлива трага во историјата на младата држава, дојде веќе во 99-тата со стотиците илјадници бегалци од Косово.

„Ова е срам за меѓународната заедница. Никој не прашува какви се проблемите на оваа држава – вие убаво, од далеку, од Шведска следите... Јас ќе ви предложам нешто – пратете 100 авиони и пренесете ги бегалците во Стокхолм“, рече тогаш Борис Трајковски.

Оваа изјава на релативно непознатиот млад политичар во екот на косовската криза го вивна Трајковски во политичките кругови и го претстави пред македонската јавност токму во годината кога во земјата се одржуваа избори за претседател кој требаше да го наследи искусниот Киро Глигоров.

Како кандидат на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ победува на изборите, оспорени од опозицијата, и станува втор шеф на државата по независноста. Првата година од мандатот помина релативно мирно, но потоа дојде 2001-та.

Државата се најде на работ на граѓанска војна. Во тие моменти се очекуваше и бараше некој да го подметне грбот и да ја преземе одговорноста за земјата да се извлече од спиралата на насилство.

Трајковски, со силна поддршка од меѓународната заедница, која во него виде личност која може да се нафати на предизвикот, почна да ја турка иницијативата за мирно решение на конфликтот.

Неговите напори беа препознанени и од американската администрација. Во екот на борбите Трајковски беше поканет во Белата куќа. Јасен беше каде ја гледа иднината на Македонија.

„Го повторив нашето барање да станеме дел од НАТО семејството“, рече тогаш Трајковски.

Пријателството со Џорџ Буш, со кого го поврзуваше и припадноста кон методистичката црква, остана се до смртта.

По неколкумесечните преговори кои се одржуваа во Охрид, на 13 август, под покровителство на Трајковски и во присуство на американски и европски дипломати беше потпишан Охридскиот рамковен договор.

„Господ нека ни помогне, а и Алах“, изјави тогашниот македонски претседател Борис Трајковски.

Периодот што следеше не беше лесен за Трајковски. Иако меѓународната заедница го ценеше, многумина дома го критикуваа дека Македонија презела многу отстапки со Охридскиот договор.

„Ако се земе контекстот во кој се потпиша Охридскиот договор, како и неговото значење, не може да се очекува дека сите еднакво ќе го толкуваат Рамковниот договор“, рече тогаш Борис Трајковски.

Односите со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која го поддржа за претседател, беа далеку од добри. На власт во 2002 година доаѓа социјалдемократска влада која се уште му забележуваше за изборите од 1999-тата. Впечатокот беше дека Трајковски, во последната година од петгодишниот мандат, се најде осамен на политичката сцена.

Тогаш се случи летот за Мостар.

Смртта на Трајковски, му ја донесе заслужената почит во неговата Македонија.

XS
SM
MD
LG