Линкови за пристапност

15 години од руската инвазија и окупација на Грузија


Во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен по повод одбележувањето 15 години од руската инвазија и окупација на Грузија се вели: „Пред 15 години Русија ја нападна суверената држава Грузија и окупираше 20 отсто од нејзината територија. Соединетите Држави остануваат цврсти во нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија во нејзините меѓународно признати граници. Животот на населението погодено од конфликтот засекогаш е променет од акциите на Русија. Со длабока почит и искрено сочувство, се сеќаваме на убиените, повредените и раселените од руските сили“.

Блинкен вели дека „таканаречената „граничнаизација“ и масовното раселување сè уште предизвикуваат нераскажани тешкотии“.

„Како и во Украина, народот на Грузија ги претрпе последиците од рускиот презир кон меѓународното право и желбата да доминира со своите соседи“, рече Блинкен.

Блинкен додава дека Соединетите Американски Држави остануваат решени да ја повикаат Русија одговорна за нејзината обврска според договорот за прекин на огнот од шест точки од 2008 година да ги повлече своите сили на позициите пред конфликтот и да дозволи непречен пристап за испорака на хуманитарна помош.

„Русија, исто така, мора да го повлече признавањето на таканаречената независност на грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија. Овие акции се од суштинско значење за стотици илјади внатрешно раселени лица да можат безбедно да се вратат во своите домови и да живеат достоинствено“, се вели во соопшетнието на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

Во соопшетнието се додава дека „Соединетите Држави остануваат непоколебливи во нашата поддршка за народот на Грузија и за нивната огромна желба за евроатлантска интеграција, бидејќи тие го бранат својот суверенитет и територијален интегритет и бараат мирно решение на конфликтот“.

XS
SM
MD
LG