Линкови за пристапност

60 години од атентатот на Џон Ф. Кенеди во Тексас


„Знам дека долго време беше навистина спорно прашање што да се прави со овој магацин“, рече Џефри Енгел, професор по историја на Јужниот методистички универзитет.

Професорот по историја Џефри Енгел од јужниот методистички универзитет во Далас, вели дека лидерите на заедницата долго време се мачеле да ја балансираат реалноста на атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди и начинот на кој тоа негативно влијаело на градот.

60 години од атентатот на Џон Ф. Кенеди на 22 ноември 1963 година
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:26 0:00
Direct link

„Атентатот Кенеди го потврди идентитетот на Далас во американските умови. Далас беше место кое во тоа време беше познато како омразен, мрачен град, на многу начини, на националната сцена во однос на политиката“, додава тој.

„Тоа беше неправедно карактеризирање, но остана како темен облак над оваа заедница со децении“, рече Стивен Фагин, Кустос на музејот.

Стивен Фегин е куратор во музејот кој сега го окупира шестиот кат на поранешното депо за училишни книги во Тексас, каде што, велат истражителите, Ли Харви Освалд пукал во колоната на претседателот Кенеди.

„Ние сме историска институција која ги истражува животот, смртта и наследството на претседателот Кенеди и пошироката историја и култура од 1960-тите“, вели Фагин.

Музејот беше отворен во 1989 година и брзо стана врвна туристичка дестинација.

„Ова е втората најпосетувана туристичка атракција во државата Тексас, веднаш по Аламо“, вели професорот Енгел.

„Постојат локации во оваа земја кои се обележани со насилство и трагедија. Ова е една од нив, слично како Перл Харбор или Светскиот трговски центар, а локациите како оваа ни овозможуваат да донесеме правда со тоа што правилно се сеќаваме на него“, вели Фагин.

Фагин вели дека правилното сеќавање не значи дека музејот донесува дефинитивни заклучоци за тоа што точно се случило во Далас во ноември 1963 година.

„Атентатот, како и многу други работи, тоа тема која предизвикува поделби. Луѓето обично пристигнуваат независно дали веруваат дека Ли Харви Освалд дејствувал сам или дека тоа е заговор“, додава тој.

„Теоретичарите на заговор за Кенеди сè уште ја држат контролата врз психата на нацијата на некој начин, дека можете да отидете на во Тексас и да си кажете: „Ја слушнав приказната, можеби и самиот сега можам да ја составам поинаку, затоа што сум го видел тоа со мои очи“, вели Енгел.

„Можеби ќе ве заинтригираат нијансите на атентатот, долготрајните прашања околу траекториите на куршумите и медицинските докази, но на крајот на денот, нешто умре тука, а музејот се залага за таа неостварена надеж и ветувањето што Џон Кенеди го претставуваше“, вели Фагин.

Музејот не е само серија експонати, тој е и архива. Некои од филмските снимки од атентатот се зачувани и лиценцирани од музејот, како и снимките од очевидци и клучни лица на настанот.

Збирно, тие го исполнуваат музејот со повеќе од само физички артефакти кои помагаат да се прикаже моментот, историски и локално.

„Овој музеј одигра клучна улога во помагањето на оваа заедница да ги истера последните преостанати демони од 1963 година“, вели Фагин.

Музеј кој бележи присуство на повеќе од 300.000 гости годишно од 133 земји.

XS
SM
MD
LG