Одлуката на Агенцијата за храна и лекови уследи по неколкугодишни контроверзи околу рибата во којашто се внесени гени кои го забрзуваат растот.
Овој вид на лосос наречен „Акуадвентиџ“, е произведен од компанијата „Аквабаунти технолоџист“, со седиште во Масачусетс. Компанијата го користи Атлантскиот лосос и му вбризгува гени од пацифичкиот лосос, Чинок.
Надлежните органи во четвртокот одлучија дека: „Акуадвентиџ“ лососот е безбеден да се конзумира исто колку и секој негенетички произведен Атлантски лосос, а истото важи и во однос на хранливоста.“
Во соопштението на Агенцијата за храна и лекови се додава дека одобрувањето на овој вид лосос „нема да има значително влијание на животната средина на САД.“
Американските закони не условуваат производителите да ја етикетираат генетски добиената храна. Но, агенцијата за компаниите коишто по сопствен избор сакаат да ги етикетираат своите производи, нуди совети како да го сторат тоа, напоменувајќи дека “многу потрошувачи се заинтересирани за овие информации.“