Линкови за пристапност

Џенерал Моторс казнет 35 милиони долари за дефект на автомобилите


Ова е најголема казна што може да се изрече според законот; Дефектните стартери довеле до 13 смртни случаи

Американските безбедносни регулатори го казнија Џенерал Моторс 35 милиони долари во петок за нивното бавно реагирање по проблемите со стартерот на автомобилите што се поврзани со 13 смртни случаи.

Ова е најголемата можна казна според законот.

Официјални лица велат дека инженерите во ЏМ знаеле уште во 2001 дека дефектни стартери можат наеднаш да го запрат моторот на Шевролет Кобалт и други мали автомобили, да ги оневозможат вртењето на воланот, кочниците и воздушните перничиња.

Но ЏМ започна со отповикување на дефектните автомобили за да го поправи проблемот дуги оваа година.

Најголемиот произведувач на автомобили сега ќе биде подложен на владин надзор по начинот на кој се справува со безбедносни прашања.
XS
SM
MD
LG