Линкови за пристапност

Џенерал Моторс отповика милиони возила


Причината за новото отповикување од страна на американскиот автопроизводител се дефекти кај воздушните перничиња и сопирачките.

Американскиот производител на автомобили Џенерал Моторс објави уште едно отповикување на милиони возила среде растечкиот скандал заради бавното реагирање по безбедносниот дефект во нивните автомобили и камиони.

Отповикувањето соопштено во понеделникот главно инволвира неправилно жичано поврзување што може да спречи активирање на воздушните перничиња во случај на судир.

ЏМ отповика 1,6 милиони возила минатиот месец заради дефектни системи на палење во компактни автомобили произведени меѓу 2003 и 2007. Автопроизводителот се соочува со бројни истраги заради необјавување на отповикување, и покрај тоа што знаеле за проблемите повеќе од една деценија.

Неисправните системи за палење биле поврзани 31 несреќа и 13 смртни случаи.

Во видео порака до вработените во понеделникот, главниот директор на ЏМ Мери Бара вети дека автопроизводителот ќе се придвижи агресивно в насока на подобрување на безбедносните процедури.

Понеделничкото отповикување исто така инволвира проблем во склопувањето на сопирачките во над 60.000 луксузни седани, што може да предизвика пожар во моторот.

Џенерал Моторс вели дека очекува да потроши околу 300 милиони долари за поправка на возилата опфатени со двете отповикувања.
XS
SM
MD
LG