Линкови за пристапност

Глобалните пазари во позитива


Глобалните пазари се во позитива откако Централната Банка на Јапонија презеде натамошни чекори за да ја заживее економијата која е потресена од пандемијата.

Јапонскиот носечки индекс Никеи порасна за 2.7% откако Централната Банка најави откупување на владини обврзници и корпоративни долгови вредни милијарди долари.

Носечките индекси во Хонг Конг, Сиднеј, Шангај и Сеул исто така забележаа значителни добивки во попладневното тргување.

Кај тргувањето фјучерси на нафта, американскиот Вест Тексас се нудеше за 14.6 долари по барел, загуба од 14%. Брент, меѓународниот стандард, се тргуваше за 20.31 долар по барел, 5.2% помалку.

Пазарите на нафта се во тешка состојба од избивањето на пандемијата бидејќи владините мерки и карантини ја намалија побарувачката и предизвикаа огромни вишоци.

XS
SM
MD
LG