Линкови за пристапност

Глобалната побарувачка на енергија ќе се зголеми за 23 проценти до 2045 година, велат од ОПЕК


Се предвидува глобалната побарувачка за сите форми на енергија да се зголеми за 23 отсто до 2045 година, изјави генералниот секретар на ОПЕК Хајтам Ал Гаис на нигериската конференција за нафта и гас во вторникот.

Директорите на нафтата и претставниците на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) постојано се залагаат за продолжување на инвестициите во нафта, предупредувајќи дека инаку цените ќе се зголемат.

Ал Гајс, исто така, рече дека повиците за ограничување или запирање на финансирањето на нови нафтени проекти се нереални и немудри. Тој, сепак, ја призна потребата од технологија за справување со континуираните емисии на фосилни горива.

„Глобалната побарувачка за примарна енергија се предвидува да се зголеми за значителни 23 отсто во периодот до 2045 година, што значи дека ќе ни требаат сите форми на енергија“, рече тој.

„Ќе бараме иновативни решенија, како што се искористување и складирање на јаглерод, и проекти за водород, како и кружна економија на јаглерод, која доби позитивна поддршка од Г20.

На глобалната нафтена индустрија и се потребни 12,1 трилиони долари инвестиции во истиот период, рече Ал Гаис, додавајќи дека индустријата сè уште не е на пат да го достигне тоа ниво на инвестиции.

Извори блиски до ОПЕК рекоа дека најверојатно ќе одржи оптимистички став за растот на побарувачката на нафта за следната година кога ќе ги објави своите први прогнози подоцна овој месец, предвидувајќи забавување од оваа година, но сепак натпросечно зголемување.

Прогнозата на ОПЕК за 2024 година најверојатно ќе биде помала од растот што го очекува за оваа година од 2,35 милиони барели дневно, или 2,4%, што е ненормално висока стапка додека светот се движи од пандемијата ковид-19.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG