Линкови за пристапност

Талибанците - најсмртоносна терористичка група во светот во 2018 година


Бројот на смртни случаи предизвикани од тероризам се намалува, но терористичките групи и натаму остануваат најголема закана за мирот и стабилноста ширум светот

И покрај тоа што во последните години значително е намален бројот на смртни случаи предизвикани од тероризам, терористичките групи и натаму остануваат најголема закана за мирот и стабилноста ширум светот, се вели во нов извештај за тероризмот.

Во 2018 година, повеќе од 95% од смртните случаи предизвикани од активности поврзани со тероризам се случиле во земји кои веќе биле во конфликт.


Според Индексот за глобален тероризам бројот на смртни случаи од тероризам четврта година по ред е во опаѓање, откако достигна врв во 2014 година. Од тогаш, бројот на смртни случаи опадна за 52%, на 15.952 во 2018 година.

Ова го покажува годишниот извештај [[ http://visionofhumanity.org/app/uploads/2019/11/GTI-2019web.pdf ]] на Институтот за економија и мир, кој се фокусира на трендовите и активностите во тероризмот ширум светот.

Во 2018 година, повеќе од 95% од смртните случаи предизвикани од активности поврзани со тероризам се случиле во земји кои веќе биле во конфликт.

Индексот за глобален тероризам открива дека бројот на загинати од тероризам во Ирак опаднал за 75% меѓу 2017 и 2018 година, при што загинале 3.217 помалку луѓе.

Авганистан го замени Ирак како земја најпогодена од тероризам, според Индексот за глобален тероризам за 2019 година. Талибанците биле најсмртоносната терористичка група во светот минатата година, поради порастот на терористичката активност во Авганистан и застојот на конфликтите во Сирија и Ирак, покажува Индексот за глобален тероризам.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG