Линкови за пристапност

Нов ден на нестабилност на глобалните берзи


Постојат и други проблеми надвор од кинеската економија што ја подгреваат неизвесноста за инвеститорите

На Вол Стрит вообичаено со извици се поздравува почетокот тргувањето во денот, но вторникот на инвститорите им донесе нови причини за загриженост. Овојпат нервозата беше предизвикана од кинеското производство, кое се намали со најбрзо темпо последниве три години. Главниот финансиски аналитичар на Bankrate.com, Грег Мекбрајд зборуваше преку Скајп:

„Тоа беше доволно да ги вознемири финансиските пазари во светот, бидејќи претставува значителна загриженост колку забавила втората најголема економија“, вели тој.

Вредноста на азиските акции падна преку ноќта, се намалија цените на енергијата и апатијата се прошири низ Европа и САД, каде големите индекси затворија речиси за три проценти пониско. Но некои велат дека не е чесно вината целосно да се става врз Кина.

Директорот на Комисијата за истражување на економски развој, Џозеф Минарик, вели дека постојаните проблеми во Европа биле во голема мера игнорирани, дури и во време кога американската економија покажала многу слабо опоравување.

„Веројатно главната дискусија во моментов е Кина...Тоа до некоја мерка ги покрива другите проблеми што ги имамае во Европа“, изјави Минарик.

Поважно за глобалните пазари, вели стратегот за инвестиции, Стивен Вуд, е следниот потег на американските Федерални резерви.

„Што ќе направат Федералците со каматните стапки? Ќе има ли покачување во септември? Или тоа ќе биде октомври? Или крајот на годината? Мислам дека приказната сега е кај Федералните резерви, и што тоа ќе значи за пазарите на акции и за пазарите на обврзници“, вели овој експерт.

Тоа се прашања со кои американската Централна банка мора да се зафати на следниот состанок, закажан за 17-ти септември.

Многумина аналитичари прогнозираа пораст на каматните стапки во септември, но со оглед на сегашната нестабилност, некои економисти веруваат дека е поверојатно дека одлуката ќе биде одложена за подоцна годинава.

XS
SM
MD
LG