Линкови за пристапност

Азиските берзи продолжуваат да паѓаат


Берзата во Токио падна за три проценти утринава, а пад има и на берзите во Шангај, Сиднеј, Сеул и во Тајпеј

Цените на азиските берзи денес продолжуваат да паѓаат по најавите на „Епл“ за пониска продажба од очекуваната.

Берзата во Токио падна за три проценти утринава, а паднаа и берзите во Шангај, Сиднеј, Сеул и во Тајпеј.

Ваквата ситуација уследи по изјавите на компанијата дека нагло опаднала продажбата на производите во Кина минатиот месец, најверојатно укажувајќи на опаѓање на светската економија.

Извршниот директор на „Епл“ Тим Кук рече дека намалување на продажбата е резултат на трговската војна меѓу претседателот Доналд Трамп и Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG