Линкови за пристапност

Околу 45 милиони луѓе во светот - жртви на модерно ропство


Според Глобалниот индекс за ропство, на Индија, Кина, Пакистан, Бангладеш и Узбекистан, отпаѓаат 58% од робовите на денешницата

Преку 45 милиони луѓе во светот, се предмет на одредена форма на модерно ропство, според денеска објавениот Глобален индекс за ропство.

Индија и Узбекистан се меѓу земјите со најголем апсолутен број на робови и најголема пропорција на робови меѓу населението. Граѓаните на Узбекистан се предмет на принудна работа – собирање памук.

Северна Кореја е исто така на листата земји со најголема пропорционална застапеност на робовите за принудна работа во затворите, комерцијална сексуална експлоатација и принудени бракови на жени во соседните држави.

Побогатите земји генерално имаат помал процент на ваков вид ропство. Дванаесет земји со најниско ниво се западно-европските држави, САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Сепак, студијата опфаќа и информации дека Катар, Сингапур, Кувајт, Брунеи, Хонконг, Саудиска Арабија, Бахраин, Оман, Јапонија и Јужна Кореја се меѓу земјите чиишто влади имаат преземено релативно малку мерки против модерното ропство, и покрај соодветното богатство и стабилност.

Одлуката во студијата е донесена според факторите како, заштита и почитување на човековите права, физичката безбедност, пристапот до неопходното за живот - храна, вода и здравствена грижа, како и моделите на миграција, раселување и конфликт.

Во извештајот се опфатени 167 земји. Заради актуелните конфликти, не се изработени рангирања за Авганистан, Ирак, Либија, Сомалија, Сирија и Јемен.

XS
SM
MD
LG