Линкови за пристапност

Пад на берзите во САД за 3 отсто, стравувања за рецесија


Економска нестабилност насекаде во светот

Берзите во Јапонија забележаа пад во четвртокот, но не драстично како што се случи на пазарите во САД еден ден претходно што покрена загриженост за евентуална рецесија.

Токискиот Nikkei index забележа пад од 1,2%. Во другите делови од Азија, кинеската берза во Шангај заврши со 0,3 а Хонг Конг со 0,8%, додека пазарите во Европа регистрираа мали придобивки по наглиот пад ден порано.

Американските берзи малку се стабилизираа со оглед дека вчерашниот ден го завршија со пад на Дау Џонс, Стандард и Пурс 500 и Насдак – сите со пад од 3%.

Аналитичарите потенцираа дека слабите германски и кинески економски показатели, се предупредувачки знаци за економско забавување во светот.

Но, што е уште поважно, аналитичарите потенцираат дека можно е да следи пад на економскиот раст на секои две и 10 години, според предвидувањата на Одделот за трговија.

Аналитичарите предупредија дека инвеститорите се загрижени за актуелната слика на американската економија.

Ова е првпат од 2007-ма, да има намалување на каматните стапки, кога беше означен период на рецесија во САД со најголемо економско забавување уште од времето на Големата депресија.

Милиони Американци ги загубија работните места, исто како и домовите, кога немаат повеќе приходи да ги плаќаат високи месечни рати од заемите од банките.

Во меѓувреме, Кина објави дека бележи најниско производство во последните 17 години, додека Германија, најсилната европска економија потврди дека економијата се намалила за една десетина од еден процент.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини економските вести и се огласи преку Твитер: „Федералните резерви ги покачија каматните стапки премногу и пребрзо. Сега, пребавно ги спуштаат“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG