Линкови за пристапност

Раст на берзите


Одлука на американската централна банка да купи корпоративни обврзници ги ублажува стравувањата на инвеститорите од втор бран на коронавирус

Еден ден откако имаа сериозен пад на индексите и забележаа некои од најниските броеви од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на азиските берзи денеска е регистриран силен позитивен тренд.

Индексот Никеи во Токио се зголеми за 1.051 поен, а на крајот на тргувањето забележа пораст од 4,8%. Индексот S&P / ASX во Сиднеј порасна од 3,9%.

Пораст имаше и на останатите места во регионот, односно индексот „Ханг Сенг“ во Хонг Конг беше повисок за 2,7% во доцните попладневни тргувања, а индексот во Шангај порасна за 1,7%. Сенсекс во Мумбаи порасна за 1%, додека TSEC во Тајван за 1,8%.

Порастот беше предизвикан од најавата во понеделникот од страна на Сојузните резерви на САД дека ќе започнат со купување на индивидуални корпоративни обврзници, како дел од напорите да ѝ се помогне на целокупната американска економија да се опорави од последиците од пандемијата на КОВИД-19, кои силно се одразија на целата економска активност. По соопштението следеше доцен собир на Вол Стрит, кој го загуби теренот поради стравувањата од втор бран на инфекции со коронавирус.

Сите три американски индекси имаа нагорен тренд во тргувањето со акции во вторникот.

Пазарите на нафта остануваат стабилни. Со американската сурова трговија се тргува за 37,10 американски долари, што е незначително намалување, додека со суровата нафта „Брент“ се тргува за 39,76 американски долари за барел, што претставува раст од 0,1%.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG