Линкови за пристапност

Европските и азиските берзи во нагорна линија, индексите растат и на Вол стрит


Пораст во тргувањето е регистрано на европските берзи денеска како што повеќето држави ги олеснуваат мерките воведени поради пандемијата на коронавирусот. На берзата во Париз индексот порасна за 1,6 проценти, додека во Франкфурт индексот се зголеми за 0,9 проценти.

Покачување на цените има и на нафтениот пазар


Ваквите показатели во Европа продолжуваат со трендот започнат неколку часа порано во Азија, каде индексот S&P / ASX во Сиднеј беше повисок за 2,9 проценти, додека индексот Никкеи во Токио повисок за 2,5 проценти. Индексот во Хонг Конг беше повисок за 1,8 проценти, во Шангај за 1 процент, индексот KOSPI во Сеул беше повисок за 1,7 проценти, а индексот TSEC на Тајван се зголеми за 1,1 процент.

Покачување на цените има и во нафтениот пазар. Така американската сурова нафта се тргува по цена од 34,00 долари за барел, додека „брент“ нафтата се нуди по цена од 36,00 долари за барел.

Сите три берзи во САД вчера беа затворени по повод Националниот ден за сеќавање на загинатите американски војници во сите досегашни војни.

Денеска индексите Дау Џонс, С & П 500 и Насдак се повисоки за 2 проценти, што укажува на добро отворање за Вол Стрит по долгиот празничен викенд.

Оптимизмот на инвеститорите повторно расте, покрај другото и поради тоа што Јапонија ја укина речиси двомесечната вонредна состојба за Токио, која брзо беше проширена на целата земја, како и заради најавите на централната банка на Кина за намалување на трошоците за позајмување и „поддршка на развојот на реалната економија“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG