Линкови за пристапност

Мешани резултати на азиските берзи


Финансиските аналитичари очекуваат и драстичен раст на барањата за осигурување при невработеност во САД

Азиските пазари остварија мешани резултати додека инвеститорите се подготвуваа на најновите бројки за невработеноста во САД за кои се очекува да бидат рекордно високи поради пандемијата.

Пред отворањето трите индекси на берзата во Њујорк укажуваа на раст од околу 2%.


Индексот Никеи во Јапонија изгуби 1.3% на крајот на денот додека австралискиот С и П индекс загуби речиси 2%. Добри резултати имаа Сеул, Шангај и Хонг Конг кои пораснаа за 2.3, 1.6 односно 0.5%.

Во Европа британскиот, францускиот и германскиот индекс на почетокот на тргувањето беа во позитива.

Пред отворањето трите индекси на берзата во Њујорк укажуваа на раст од околу 2%. Инвеститорите очигледно ги игнорираа големите загуби од претходниот ден кои достигнаа 4%.

Финансиските аналитичари очекуваат драстичен раст на барањата за осигурување при невработеност во САД, далеку поголем од минатата недела кога имаше над 3.3 милиони апликации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG