Линкови за пристапност

Коронавирусот пустоши и на берзите


На европските берзи денеска е регистриран пад бргу по нивното отворање.

Покрај загриженоста поради пандемијата на коронавирус, одлуката на Европската централна банка да побара од банките да не плаќаат дивиденди на нивните акции или да откупуваат акции до октомври дополнително придонесе за падот.

Германскиот индекс падна за 1,5 процент, додека шпанскиот индекс падна за 3,5 проценти.

Пад е регистриран и на азиските берзи како последица на загриженоста на инвеститорите за влијанието на вирусот врз светската економија.

Индексот во Хонг Конг загуби 330 поени, односно падна за 1,45 проценти, додека јапонскиот Никеи падна за 300 поени или 1,57 проценти. Шангајскиот индекс се намали за речиси еден процент.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG