Линкови за пристапност

Пад на азиските берзи откако два дена растеа


Азиските финансиски пазари денеска забележаа пад и покрај тоа што американскиот Сенат го усвои големиот економски пакет во висина од рекордни два трилиони американски долари за да ги намали негативните влијанија од пандемијата на коронавирусот.

Јапонскиот индекс Никеи загуби 4.5% до крајот на дневната трговска сесија. Кај индексите во Хонгконг и Сеул е регистриран пад од над еден процент, додека шангајскиот индекс загуби половина процент.

Несигурноста како последица на пандемијата се одразува врз берзите намалувајќи ги цените на акциите


Австралискиот индекс ја заврши трговската сесија со позитивен исход, односно раст од два проценти.

Во текот на денот падот се рашири и во Европа, така што индексот во Лондон се намали за скоро три проценти, а германскиот ифранцускиот индекс за помалку од два проценти.

И кај цената на акциите во САД се очекува пад, при што индексите Дау и Насдак забележаа пад за над 1,5%, а С & П два проценти.

Несигурноста како последица на пандемијата истовремено се одразува и врз берзите намалувајќи ги цените на акциите, додека владите и централните банки се обидуваат да воведат мерки за спас на економијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG