Линкови за пристапност

Со таблет до образование


Деца од 150 села во Танзанија ќе користат таблети донирани од Гугл, за пристап до апликации и за самообразување

Дали децата коишто никогаш не биле на училиште, може самите да ги научат основите на читањето, пишувањето и математиката, само преку таблет-комјутер?

Светската банка и компанијата „Екс Прајс“ (XPrize), ставаат 15 милиони долари на идејата.

„Идејата е помалку луда, вели Мет Келер, виш директор на „Глобал лернинг екс-прајс“ (Global Learning XPrize), натпревар финансиран од Фондацијата Екс-прајс, непрофитна организација која ги поттикнува инвеститорите да се фокусираат на глобалните проблеми, како климатските промени и универзална здравствена заштита.

Натпреварот https://learning.XPrize.org/ обезбедува награда од 10 милиони долари на тим или компанија што ќе креира најдобра образовна апликација за деца коишто никогаш не седнале во училишните клупи. Според Институтот за статистика на УНЕСКО, околу 263 милиони деца ширум светот не одат на училиште.

„Дали може да направите нешто што е толку интуитивно, што изнудува интеракција, толку динамично, што ако му го дадете на дете кое не е писмено и кое живее во рурален дел на светот, ќе го земе, ќе го допре екранот и ќе почне да учи како да чита? Тоа е предизвикот што му го претставуваме на светот“, вели Келер.

На натпреварот се пријавиле 198 тимови и од нив неодамна беа избрани пет финалисти. Секој од нив добил по еден милион долари.

Финалистите ќе почнат да ги тестираат своите образовни апликации во ноември. Речиси 4.000 деца од 150 села во Танзанија ќе ги користат таблетите – донација од „Гугл“, ќе имаат пристап до овие апликации и ќе самообразуваат.

Други ученици ќе бидат тестирани за ниво на писменост и нумеричко разбирање и по 15 месеци, ќе треба повторно да го земат овој тест. Главната награда од 10 милиони долари, ќе му биде доделена на тим програмери заслужен за најдобри постигнувања на студентите.

Екс-прајс (XPrize) соработува со УНЕСКО, Светската програма за храна и владата на Танзанија, за дистрибуција и одржување на таблетите.

„Бројни организации за развој, хуманитарни агенции и бројни влади, се фокусирани на изградба на нови училишта и обука на нови наставници“, изјави Келер за Гласот на Америка. „Она што велиме, во светот има многу деца кои немаат пристап до училишта или одат во многу лоши училишта. Затоа, очекуваме технологијата да помогне во процесот на учење“.

Меѓу другите финалисти се Curriculum Concepts International (CCI) што нуди апликации со лекции каде се инкорпорирани игри, видеа и книги. Потоа, Chimple, што се фокусира на играње и учење базирано на истражување. Тука е и Kitkit School, оригинално дизајнирана за деца со посебни потреби и RoboTutor, зад која стојат научници од Универзитетот Карнеги Мелон, а којашто инкорпорира вештачка интелегенција и едукација за работата на машини.

„Ако можеме да докажеме дека на детето не му треба инструкција освен она што го нуди направата, како таблетот на пример, тогаш може да почнеме со серија настани што несомнено ќе водат до направа што ќе биде дизајнирана само за тоа дете, во тој дел на светот, и со соодветен наставник“, заклучи Келер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG