Стотици демонстранти денеска излегоа на улиците во Сиднеј, Австралија, на протест со кој повикуваат на поголема акција за борба против климатските промени.
Демонстрантите се собраа пред седиштето на Либералната партија на Нов Јужен Велс, барајќи од владата да отфрли какви било нови проекти за јаглен, нафта или гас.
Со протестот во Сиднеј, тие им се придружуваат на демонстрантите во неколку азиско-пацифички градови кои се одзваа на повикот за акција на 16-годишната шведска активистка Грета Тунберг.
Facebook Forum