Линкови за пристапност

Александрија: Семеен ден за археологија


Александрија: Семеен ден за археологија
Александрија: Семеен ден за археологија

Во близина на Масонското светилиште во Александрија се наоѓа археолошкиот локалитет Шутерс Хил. Најраните пронајдоци датираат уште од праисторијата, а најголемиот дел потекнуваа по населувањето на европејците. Освен ископувањата, археолозите инсистираат на вклучување на младите во активностите на истражување на историјата.

Археолозите од градскиот музеј во Александрија, предградие на Вашингтон, еден ден во месецот го отвораат овој локалитет за посeтители.

Рут Ридер ги воведува во историјата на локалитетот и зборува за резултатите од повеќегодишните истажувања. Во обиколката на овој простор учесниците имаат можност да се запознаат со методите на археологијата, историјата на локалитетот но и да се сретнат и поразговараат со aрхеолозите.

Земјата кои тие ја претресуваат подоцна, доаѓа од оваа место кое некогаш било камп на домородните Индијанци, а по населувањето на Европејците семeен дом и плантажа. Уште пред учесниците да пристигнат на местото, доброволци под надзор на професионален археолог ја подготвуваат земјата за истражување.

Фран Брумберг од Канцеларијата за археолошки истражувања на градот Александрија објаснува која е вредноста на локалитетот и зборува за хронологијата на истражувањата.

„Уште од почетокот оваа беше едукативна локација. Ние сме јавна програма. Работиме за градот Александрија. Нашата цел е да ја изучуваме историјата и да ја приближиме до јавноста. Информациите што ние ги имаме се дел од нивното наследство“, вели Брумберг.

Археолозите и посетителите работат заедно, истражуваат и учат за историјата, од средината на 90 тите.

После едукативната обиколка повеќето ученици под надзор на археолози ја пребаруваат земјата во потрага по артефакти, кои подоцна се носат во локалниот музеј на обработка.

Рут Ридер, која е и едукатор во музејот, ова го прави веќе петнаесет години. Вели, идејата е јавното образование.

„Сакаме да им дадеме можност на заинтересиранните да дојдат на локалитетот. Да имаат повеќе од посета, да ги извалкаат рацете и да се чувствуваат како дел од сето ова.“

Хјуит, 7-годишник, вели:

„Најдов цигли, клинец, керамики и коска, но би сакал да пронајдам повеќе керамика.“

Родителите велат дека истражувањето е забавен и информативен начин да го поминат денот со своите деца.

Една мајка раскажува:

„Син ми беше во парк каде имаат фиктивни археолошки истажувања. Тој навистина тоа го сакаше и оваа е шанса да види како изгледа вистинската археологија и да научи повеќе за минатото. Убаво е да се види као изгледа вистинска археологија а не нешто кое било претходно проготвено во парк.“

Рут Ридер ја завршува презентацијата со објаснувањето дека сите артефакти доаѓаат од ист контекст и не е проблем да ги ставите на исто место. Пронајдоците се селектираат, пребројуваат и следната локација каде што тие ќе бидат претставени е локалниот градски музеј. Се разбира во селекцијата ќе се најдат само повредните.

XS
SM
MD
LG