Линкови за пристапност

„Ѓоре Магарески“ одново ќе оживее на сцената на најстариот театар во државата


Национална установа „Народен театар“ - Битола.
Национална установа „Народен театар“ - Битола.

Директорот на Битолскиот театар, Васко Мавровски, е горд на богатата роденденска програма:

Битолскиот театар слави осум децении постоење
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:00 0:00

„Покрај премиерата која што ја подготвуваме во рамките на оваа праслава 80 години, до сега реализиравме, во месец и неколку денови, три премиери. До крајот на годината имаме уште три нови претстави. Организираме една изложба на плакати кои што се изработени од Христо Бојаџиев, нашиот пензиониран музичар, фотограф, работник по потреба, уметник во онаа смисла на зборот - сестран уметник. Подготвуваме постановка во која што ќе бидат изложени ... сите награди и признанија кои што овој театар ги добил, сите оние кои ги поседуваме, околу 170 на број. Ќе имаме три гостувања, на Драмски театар, на Македонски Народен театар и Велешки театар, кои што во чест на роденденот на Битолскиот театар, ќе настапат во Битола. Подготвуваме монографија, 80 години Народен театар Битола“, вели директорот на Народниот театар од Битола, Васко Мавровски.

Васко Мавровски, директор на Народен театар Битола
Васко Мавровски, директор на Народен театар Битола

Десет дена од ослободувањето на Битола, на 14 ноември 1944 година, со изведба на претставата „Ѓоре Магарески“ на Владо Малески започна со работа Народниот театар во Битола. 80 години подоцна, на сцената на оваа театарска куќа која се смета за најстара во државата, ќе се одигра претставата „Ѓоре Магарески – 80 години потоа“ во изведба на 28 сегашни и пензионирани актери, а во режија на Благој Мицевски, Јован Ристовски и Софија Ристевска.

Мавровски сепак потсетува дека оваа институција долги години нема физичка билетарница каде што граѓаните ќе можат да набават билети, ниту дигитализиран репертоар - новини што ги најавува за следната година:

„Ќе имаме барање за следна година за одобрување за вработување на билетар, бидејќи немаме работно место билетар предвидено во систематизација. Сега ќе го направиме и тоа и се надевам дека битолчани и покрај дигиталниот репертоар, ќе имаат и физички на кого да се обратат за да добијат информации во однос на претставата која што се игра“, додава Мавровски.

Пензионираната актерка Соња Михајлова со задоволство се сеќава на колективната театарската работа со ансамблот на Народниот театар од Битола, со кој гостувале речиси на сите континенти во светот.

Соња Михајлова, пензионирана актерка од Народниот театар од Битола
Соња Михајлова, пензионирана актерка од Народниот театар од Битола

„Со Народниот театар од Битола сме поминале многу страни од светот, да не речам скоро цел свет, од Америка, Австралија, Канада и скоро цела Европа, така да моментите со нашите сонародници ширумсветот, со Македонците, биле секогаш еден исклучително не само професионален, туку и емотивен момент, бидејќи тие низ сите овие години, 80 години, се поврзани како публика со овој театар“, изјави пензионираната актерка, Соња Михајлова.

На прашањето на Гласот на Америка дали е полесно да се игра пред домашната публика или надвор од Битола, Михајлова вели:

„Публиката во Битола, сега првата импресија што ја добивам за одговор на прашањето е дека во текот на годините се менува. За жал, постои момент дека ни се растура публиката, како што се растуриле многу елементи од она што го викаме театарска култура и начин и примање на цело едно време и технологија, интернет, достапноста на разни медиуми преку интернет и сѐ (друго), така да мислам дека нѝ се осипува театарската култура, значи, од двете страни и од страна на институциите, но и од страна на публиката. Некаде малку ги имаме побркано конците, оти сме заборавиле на некои, условно велам, вистински вредности. Театарската култура и воопшто културата, се почнува од мали нозе, но имаме некакви празнини во култивирањето и на публиката и на себе си во однос на публиката“, рече Михајлова.

Народниот театар од Битола зад себе има импозантни бројки: 569 наслови, околу 3 милиони и деветстотини илјади публика и 14 илјади изведби. За 2025 година се најавува амбициозна програма во која 70 проценти од текстовите што ќе се земат во работа ќе бидат од македонска драматургија и посебно нагласуваат - со македонски режисери.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG