Американските федерални агенти запленија електронски уреди при претрес во домот и канцеларијата на Руди Џулијани во Њујорк, поранешен градоначалник на Њујорк и адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Акцијата е дел од истрагата на активностите на Џулијани во Украина поврзани реизборната кампања на Трамп во 2020 година.
Адвокатот на Џулијани Роберт Костело потврди дека истражителите извршиле претрес на две од локациите на Џулијани, и го осуди таквиот потег.
„Зошто би му го направил ова на некој што бил помошник-главен правобранител, адвокат, градоначалник на Њујорк и личен адвокат на 45. претседател на САД“, изјави тој за Њујорк тајмс.
Истрагата која ја водат обвинителите во Њујорк има за цел да открие дали Џулијани, јавен поддржувач и советник на Трамп минатата година, делувал незаконски како нерегистриран странски агент и се обидел да влијае врз надворешната политика на САД кон Украина.
Facebook Forum