Линкови за пристапност

Удар за претседателската кампања на Гингрич


Удар за претседателската кампања на Гингрич
Удар за претседателската кампања на Гингрич

Голем број врвни соработници дадоа оставка на претседателската кампања на поранешниот спикер на американскиот Претставнички дом, што претставува голем удар за неговите напори да ја добие номинацијата на Републиканската партија во 2012-та.

Меѓу 16-те соработници кои дадоа оставка во четвртокот беше менаџерот на кампањата Роб Џонсон, портпаролот Рик Тајлер и неколку советници во Ајова и Јужна Каролина, двете клучни држави што играат рана улога во номинирачкиот процес следната година.

Гингрич има проблеми од моментот кога објави дека се кандидира за Белата куќа на 11 мај. Тој ја навлече лутината на републиканските законодавци кога го осуди планот на републиканците во Претставничкиот дом за приватизација на владиниот план за здравствено осигурување за постари лица, како „десничарско социјално инженерство“.

Фрустрацијата во рамки на кампањата порасна кога Гингрич замина на двонеделно крстарење по Грчките острови со неговата сопруга.

И покрај оставките Гингрич на неговата страница на Фејсбук постираше соопштение дека ќе оди на „кампања ориентирана кон решенија“ и дека „започнува одново“ со голем говор за надворешната политика во недела во Лос Анџелес, Калифорнија.

XS
SM
MD
LG