Обама во понеделник во Белата куќа кажа дека сакал да испрати јасна порака дека оние кои работат за либискиот лидер Моамар Гадафи ќе бидат земени на одговорност за изборот што го направиле.
Претседателот исто така кажа дека авторизирал дополнителни 15 милиони долари во хуманитарна помош за народот на Либија.
Обама зборуваше по средба во Овалната канцеларија со австралискиот премиер Џулија Гилард. Тој рече дека САД и Австралија се обединети во ставот спрема Либија, залагајќи се за демократија во светлина на „непредизвиканото насилство“.