Линкови за пристапност

Обвинетиот за застрелување на Гифордс во понеделник ќе биде изведен пред суд


Обвинетиот за застрелување на Гифордс во понеделник ќе биде изведен пред суд
Обвинетиот за застрелување на Гифордс во понеделник ќе биде изведен пред суд

Гифордс е во медицински индуцирана кома но лекарите велат дека таа одговара на едноставни команди

Дваесет и двегодишникот обвинет за застрелување на американската конгресменка Габриел Гифордс од Аризона ќе се појави во федерален суд во Феникс, во понеделник.

Џаред Лафнер е обвинет за обид за атентат на член на Конгресот, по други две основи за убиство на вработен во федералната влада и уште две за обид за убиство на вработен во федерална влада.

Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама повика на минута молчење во понеделник наутро во чест на жртвите. Знамињата на Белата куќа и на други јавни и армиски објекти се на половина копје и така ќе останат неделава.

Одвоено од ова, спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер кажа дека гласањето во Домот закажано за неделава е одложено. Законодавците се очекува да им оддадат почит на жртвите на стрелачкиот напад во среда.

Шест лица загинаа во инцидентот во саботата, кај продавница во Тусан, каде Гифордс, демократ, се среќавала со гласачи. Жртвите вклучуваат деветгодишно девојче, федерален судија и член на персоналот на конгресменката.

Медицински претставници во неделата кажаа дека Гифордс е во критична состојба, но дека се „внимателни оптимисти“ за нејзиното опоравување од раната во главата.

Доктор Питер Ри од Медицинскиот центар во Аризона на новинарите им кажа дека Гифордс е во медицински индуцирана кома додека почнува да се опоравува од операцијата. Но тој рече дека таа одговара на едноставни команди.

Полицијата вели дека жена која чекала да се сретне со Гифордс го грабнала клипот за муниција од раце на Лафнер кога направил пауза да го наполни оружјето. Двајца други лица тогаш го совладале стрелачот кој потоа бил предаден на властите.

Лекарите велат дека од 14 ранети лица, само Гифордс останува во критична состојба.

Во неколку видеа на ЈуТуб, лице кое ги поставило под име на Џаред Лафнер ја критикувал владата и барал нова валута. Отворена е истрага по видеата.

Минатиот март, Гифордс беше една од најмалку десет демократи во Претставничкиот дом кои биле вознемирувани заради нивната поддршка на легислативата за реформа на здравствената грижа. Вратата на нејзината канцеларија во Тусан била скршена во акт на вандализам. Во ноември Гифордс повторно била избрана за трет мандат во Претставничкиот дом. За прв пат беше избрана во Конгресот во 2006.

XS
SM
MD
LG